Гостивар како да потклекнува во трката за врвот во Втората лига Запад. Овој тим ремизираше (1-1), спасувајќи се со гол во 94. минута, на гостувањето во Лабуништа и си создаде уште поголеми проблеми во трката за пласман во прволигашка конкуренција. Игор Клечкароски во 25.минута беше стрелец за Лабуништа на овој дуел, а Илирид Адеми во 94.минута успеа да израмни.
Тетекс оствари значајна победа на гости (2-3) против Новаци. Христијан Атанасовски го доведе домашниот тим во водство во 18.минута, но Тетекс направи пресврт во вториот дел. Маритон Салији со два гола и Брилант Сулај донесоа пресврт за тетовци. Пеце Талевски во 80.минута го постави конечниот резултат на овој меч.
Локомотива исто така славеше со 3-4 на гости против Зајази. Филип Крстевски беше двоен стрелец, а Владимир Мојсовски и Лазар Пеев погодија по еднаш за победничкиот тим, додека Леутрим Душку постигна два гола за Зајази, а стрелаше и Фатмир Рамадани.
Утре се играат мечевите Велазерими – Еуромилк и Струга Трим Лум – Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА