ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: „Лавовите“ го освоија Гостивар, реми на Локомотива со Струга

Фудбалерите на Македонија ЃП дојдоа до голема победа од 0-2 на гостувањето против лидерот во Втората лига Запад, екипата на Гостивар.

„Лавовите“ дојдоа до предност во 27. минута со голот на Михајло Јакимоски, а во 74. минута со погодокот на Филип Колеќевски веќе беше осигурана гостинската победа од 0-2.

Локомотива ремизираше во Скопје со Струга Трим Лум. Виктор Димков во 52. минута донесе водство за Локомотива, а Струга Трим Лум израмни во 64. минута со голот на Фламур Таири од пенал.

Тетекс славеше на гостувањето против Новаци со 1-2, благодарение на погодоците на Меритон Салии во 27. минута и Марио Станковски во 30. минута. Почесниот гол за домашните го постигна Мартин Никовиќ во 57. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО

Локомотива – Струга Трим Лум 1-1

Новаци – Тетекс 1-2

Еуромилк ГЛ – Велазерими 0-0

Лабуништа – Зајази 2-0

Гостивар – Македонија ЃП 0-2

ТАБЕЛА: Гостивар 25 бода, Велазерими 25, Струга 24, Македонија ЃП 23, Еуромилк ГЛ 20, Лабуништа 19, Локомотива 18, Тетекс 16, Зајази 12, Новаци 8 бода.

Се вчитува...