ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: „Лавовите“ грабат кон Прва лига, сите фаворити сигурни

Македонија ЃП продолжува со победите на патот кон Првата лига, славејќи со 3-1 против Зајази во 21. коло од Втората лига Запад. Победи извојуваа и останатите фаворит Гостивар, Велазерими и Струга Трим Лум.

Иван Настовски со голот во 18. минута и Боби Божиновски во 19. минута донесоа предност за Македонија ЃП од 2-0 која потоа беше недостижна за гостите до крајот на мечот. Филип Петров потоа во 53. минута зголеми и на 3-0, а Љоки во 70. минута го постигна почесниот гол за Зајази.

Гостивар се врати на победите откако славеше против Локомотива со 2-1 на домашен терен. Лазар Пеев во 19. минута ги донесе гостите до предност од 0-1, но гостиварци потоа со двата гола на Илирид Адеми во 32. минута од пенал, и во 40. минута уште во првото полувреме имаа 2-1.

Еуромилк ГЛ славеше против Тетекс исто така со 2-1. Филип Јовановски во 19. минута го донесе Тетекс до предност. Валентино Рафески најпрво израмни во 28. минута, а потоа во второто полувреме со својот втор гол во 66. минута ги постави конечните 2-1.

Најубедливата победа ја запиша Велазерими со триумфот од 5-0 против Новаци.

Со голот на Фламур Таири во 85. минута, Струга Трим Лум дојде до победа против Лабуништа.

РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО

Еуромилк ГЛ – Тетекс 2-1

Македонија ЃП – Зајази 3-1

Гостивар – Локомотива 2-1

Велазерими – Новаци 5-0

Струга ТЛ – Лабуништа 1-0

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 41 бод, Велазерими 40, Гостивар 40, Струга ТЛ 39, Лабуништа 35, Еуромилк ГЛ 30, Тетекс 26, Локомотива 19, Зајази 15, Новаци 7 бода.

Се вчитува...