Втора лига запад: Петров донесе радост во Ѓорче Петров, Струга губи здив

Екипата на Струга Трим Лум претрпе пораз од 2-0 на гостувањето против Тетекс, губејќи значајни бодови во трката за врвот од втората лига запад. Стружани имаа можност да го прескокнат Велазерими на второто место од табелата, но потфрлија на денешниот дуел, капитулирајќи пред мотивираните фудбалери на Тетекс, кои стигнаа до значајни бодови кои ќе им бидат од помош во битката за опстанок. Стрелци на головите за домашниот тим беа Сулај во првото и Јонузи во второто полувреме.

Македонија ЃП по голема битка успеа да слави над „фенерџијата“ Новаци. Гостите долго време одолеваа на налетите на „лавовите“, но на крајот офанзивата на домашниот состав вроди со плод откако Филип Петров во 90. минута биеше прецизно во мрежата на Новаци. Скопскиот второлигаш со овој триумф ја мина Струга Трим Лум на табелата и сега има 26 бода, два повеќе од стружани, а само два помалку од лидерот Гостивар.

Натпреварот меѓу Зајас и Еуромилк е одложен поради поплавениот терен на домашната екипа.

Се вчитува...