Екипата на Гостивар триумфирајќи со 3-2 (2-1) против Еуромилк ГЛ на домашен терен во 18. коло, го искористи киксот на Велазерими и го презеде лидерското место во Втората лига – Запад.
Два погодоци за гостиварци постигна Адеми, а еден во првото полувреме беше дело на Христијан Грозданоски, доволни за победата од 3-2.
Тетекс, пак, го изненади лидерот Велазерими славејќи со 3-0, симнувајќи го на тој начин од водечката позиција.
Со по два погодоци на Благојче Главевски и Антонио Каланоски, и еден на Александар Целески, Струга Трим Лум дојде до лесна победа од 5-1 против Зајази, со која ја продолжува активната битка за влез во прволигашкото друштво.
Македонија ЃП, исто така ја продолжува трката за Првата лига благодарение на триумфот од 0-1 против Локомотива со голот на Боби Божиновски во 83. минута.
Лабуништа дојде до триумф на гостувањето против Новаци со погодоците на Неџми Реџепи во второто полувреме.
РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО
Локомотива – Македонија ЃП 0-1
Тетекс – Велазерими 3-0
Гостивар – Еуромилк ГЛ 3-2
Струга ТЛ – Зајази 5-1
Новаци – Лабуништа 0-2
ТАБЕЛА: Гостивар 34 бода, Македонија ЃП 32, Велазерими 31, Струга ТЛ 30, Лабуништа 29, Еуромилк ГЛ 27, Тетекс 23, Локомотива 19, Зајази 15, Новаци 7 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА