ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Велазерими со пресврт победа, Гостивар подобар на дербито со Струга

Велазерими стигна до пресврт победа од 1-2 на гостувањето против Зајази во 11. коло од Втората лига – Запад, додека Гостивар славеше на дербито против Струга Трим Лум со 1-0 пред своите навивачи.

Гостивар триумфираше со голот на Илирид Адеми во 57. минута од средбата.

Велазерими пак триумфираше над Зајази со 1-2, откако први домашните поведоа со голот на Илир Џемаили уште во 3. минута од натпреварот. Потоа во 14. минута израмни Мргим Дани, а во 41. минута за 1-2 стрелаше Белул Небиу.

Македонија ЃП дојде до бод од гостувањето против Лабуништа благодарение на голот на Кристијан Костовски во 89. минута за конечни 1-1. Домашните поведоа во 80. минута со голот на Пајазит Салиу.

Локомотива, пак, триумфираше со 3-0 против Новаци со погодоците на Стефан Коцев во 12. минута од средбата, и Владимир Мојсовски во 82. и Малов во 91. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 11. КОЛО

Локомотива – Новаци 3-0

Гостивар – Струга Трим Лум 1-0

Еуромилк – Тетекс 3-1

Лабуништа – Македонија ЃП 1-1

Зајази – Велазерими 1-2

ТАБЕЛА: Велазерими 23 бода, Гостивар 22, Струга 20, Еуромилк ГЛ 19, Македонија ЃП 17, Локомотива 17, Лабуништа 15, Тетекс 13, Зајази 12, Новаци 8 бода.

Се вчитува...