Второ зимско засилување за Евертон, Волкот на медицински прегледи

Евертон го договори второто зимско засилување, од редовите на Арсенал пристигнува Тео Волкот. Сумата на трансферот изнесува 20 милиони фунти, а фудбалерот денес треба да ги комплетира медицинските прегледи.

Тренерот на „карамелите“, Сем Алардајс, е задоволен што раководството му ја исполни втората желба за зимскиот преоден рок, по купувањето на напаѓачот Ченк Тосун од Бешикташ.

„Волкот ќе биде одлично засилување, со него ќе бидеме поопасни во нападот“, кратко се изјасни Алардајс.

Неделниот натревар во кој Арсенал загуби од Бурнемаут, за Волкот беше последниот натпревар кој го одигра во дресот на „топчиите“, влегувајќи од клупа на местото од Ивоби во последните 25 минути од средбата.

Во кариерата одигра вкупно 397 натпревари за клубот од Лондон, на кои постигна 108 погодоци, а неговото заминување остава простор за евентуалните трансфери на Мхитаријан и Обамејанг.

Се вчитува...