Вучиќ најавува: Црвена Звезда пола сезона ќе ја игра во Лесковац, пола во Лозница…

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредниот период нашиот северен сосед ќе отвори три нови модерни стадиони, и тоа во Лесковац, Лозница и во Зајечар.

Според него, обезбедувањето на услови за спорт во помалите средини е круцијално за развој на спортот. Воедно, Вучиќ најави дека би можело да се случи Црвена Звезда во блиска иднина да ги игра своите натпревари на некој од овие стадиони, кога „црвено-белите“ ќе се решат да го реновираат својот стадион „Рајко Митиќ“.

„Ма немојте, зарем треба да размислуваме мафијашки, да градиме стадиони таму каде што клубовите ни се силни. Ние градиме каде што треба, за да развиеме одредени делови од државата, клубовите сами ќе се појават кога ќе видат дека сме им обезбедиле услови, и нашата репрезентација ќе игра таму. Сте размислиле ли, каде ќе играат Црвена Звезда и Партизан кога ќе почнат да работат на ужасните арени што ги имаат во моментов. Слушнав предлог за кој лично мислам дека е паметен, Црвена Звезда пола домашни натпревари да ги игра во Лесковац, а пола во Лозница, бидејќи во тие делови осд Србија имаат најголема навивачка база. Не знам дали тоа ќе се оствари, тоа е нивна одлука, само велам дека мене ми се чини паметно“, изјави Вучиќ.

Се вчитува...