Вучиќ: Ова е политичко изживување над Новак, не е фер да се води ваква хајка

Драмата со Новак Ѓоковиќ во Австралија продолжува, а од час во час добива и нови размери откако морал да интервенира и врвот на српската политчка сцена. Како потсетување, Србинот важи како пример за останатите, во обид да се заштити моралот на Австралијанците кои од почетокот на пандемијата на коронавирус поминаа повеќе време во строг карантин, откако надвор во природата.

Најдобриот тренисер на светот е заклучен во имиграциски притвор во хотелот „Ројал Парк“ заедно со азилнати од различни делови на планетата, а српското државно раководство пробува да издејствува Србинот да биде префрлен во вила која ја има изнајмено за настапите на Австралија Опен.

„Синоќа прв пат се слушнав со Новак, а утрово повторно. Ана Брнабиќ се обидува на нашиот граѓанин да му биде дозволена една работа, Новак да не биде сместен во озогласениот хотел, во права смисла на зборот, туку во куќа кој ја има изнајмено. Новак тоа го бараше од нас, а наша обврска е да ги штитиме нашите граѓани. Не е фер да се води политичка хајка против Новак. Бесмислена е. Секој знае за што станува збор тука и се плашам дека политичкото изживување ќе продолжи“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Последните вести од Австралија велат дека на тенискиот ас нема да му биде остварена желбата и ќе остане во „Ројал Парк“ каде условите се далеки од иделани до понеделник и каде ќе мора да го промине и Божиќ.

Се вчитува...