Вујо го носи „Џамбо“ Милиќ во Железничар

Страхиња Милиќ повеќе не е член на Вардар, но искусниот голман без проблем ќе најде нов ангажман. Од неколкуте понуди што веќе пристигнаа за неговите услуги Милиќ е најблизу до останување во татковината, и тоа како член на новиот проект на Железничар од Ниш.

Главен „виновник“ за овој трансфер е Веселин Вујовиќ, кој соработуваше со „Џамбо“ и како тренер на Вардар и кому му се добро познати квалитетите на корпулентниот голман.

Железничар во новата сезона ќе се натпреварува во СЕХА-лигата и во Купот на ЕХФ, па јасно е зошто Вујовиќ инсистира на ангажман на квалитетен голман за реализацијата на високите зацртани цели.

Се вчитува...