Вујо го сака Кузмановски во Железничар

Веселин Вујовиќ нема ништо против да го има Филип Кузмановски во составот на Железничар. Поради нерасчистените долгови и задоцнетите плати, капитенот на Металург побара раскин на договорот и најави дека си заминува од Автокоманда, а по вечерашниот дуел меѓу Вардар и Железничар, стигна уште една понуда на адреса на македонскиот репрезентативец.

Филип е играч што го сакаат сите екипи, не се само Вардар и Железничар тие шти би сакале да го видат во своите редови. Која екипа ќе понуди најмногу пари, таа ќе го доби. Но, се зависи од тоа како ќе заврши целата ситуација со раскинот на договорот со Металург. Нашиот ростер е отворен до февруари“ – изјави Веселин Вујовиќ на прес-конференцијата после натпреварот.

Иако деновиве во јавноста се „врти“ информацијата дека Вардар е заинтересиран во своите редови да го земе бекот на Металург, тренерот Роберто Парондо, вели дека не знае ништо за таков трансфер.

„Кузмановски е играч на Металург и колку што знам, нашиот тим нема никаков контакт со него“ – изјави Парондо.

Се вчитува...