Вујо има рецепт: Кире секако ќе ни даде многу голови, да ги запреме останатите…

mec baner

Словенечките ракометари сите го посочија Кире Лазаров како клучен играч кој мора да биде запрен за да се стигне до победата над Македонија. Сепак, селекторот Веселин Вујовиќ има поинаков план, верувајќи дека Лазаров самиот нема да може да ја победи Словенија, па фокусот го насочува кон останатите македонски репрезентативци.

„Во секој случај гледачите ќе можат да прослеат интересен натпревар, очекувам да победи репрезентацијата што ќе покаже поголем желба. Знаеме дека играта на Македонија се врти околу Лазаров, тоа не е никаква тајна. Кире секако ќе ни даде многу голови, но неопходно ќе биде да ги запреме неговите соиграчи да влезат во ритам. Ако го сториме тоа ќе бидеме многу близу до победата. Македонија под водство на Лино Червар го промени својот стил, игра поцврсто во одбраната, а исто така е и многу подобра во нападот, пред се со играта со двајца пивоти“ – изјави Вујовиќ пред денешниот дуел во Мец.

Се вчитува...