Натпреварот кој ќе се одигра во СЦ ,,Јане Сандански”, ќе започне во 18 часот, а час и половина порано, на платото пред салата ќе има фан-зона, поддржана од спонзорите, која ќе биде наменета за сите посетители.
„Ве повикувам да дојдете на натпреварот против Алкалоид, заедно да прославиме 65 години од формирањето на РК Вардар. Од формирањето на најголемиот клуб кој го дала Македонија“ – порача популарниот Вујо.
Продажбата на билети се врши онлајн, како и на билетарницата пред влезот на салата, секој работен ден од 10 до 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
