„Вујо мајсторе“ заборавил да победува, пораз и од „децата“ на Брест Мешков

Железничар предводен од Веселин Вујовиќ требаше да биде успешен проект за враќање на српскиот клупски ракомет на посакуваните патеки, но почетокот на тој пат е предалеку од посакуваните резултати. „Вујо мајсторе“ како да заборавил да победува во Ниш, па денеска во рамките од третото коло во СЕХА-лигата го претрпе и третиот пораз, овојпат на домашен терен од Брест Мешков со 30-32.

Реномето на гостинот е поголемо од она на српскиот состав, но трофејниот стратег сигурно го боли фактот дека Белорусите допатуваа во Ниш без првиот тренер Каденас, без сите странци, па и без најдобрите домашни играчи, но и со таков подмладен и комбиниран состав успеаја да стигнат до цел плен.

Баранау со осум гола беше најефикасен кај победничкиот тим, а исто толку погодоци кај Железничар постигна Вејин.

Се вчитува...