Вујовиќ: Мак-ракометот има еден сериозен проблем…

Веселин Вујовиќ втор пат сезонава дојде во Скопје како гостин со Железничар, но за разлика од првиот пораз од Вардар вечерва тој ја имаше улогата на победник против младиот состав на Металург. Во свој стил, „Вујо мајсторе“ по мечот проговори за натпреварот, но и за актуелните состојби во македонскиот ракомет.

„Овој тим на Металург е премногу млад за да може да издржи да игра во Лигата на шампионите и во СЕХА. Како и да е, се надевам дека ќе се најде начин за овој клуб да остане голем, па да биде и уште посилен, за доброто на македонскиот ракомет. Добро е што се појави проект како Работник, добро би било ако и Пелистер биде силен. Ако гледаме севкупно на ситуацијата на македонскиот ракомет, има тука добри млади играчи на речиси сите позиции, но сериозен проблем е што недостига издефиниран играч кој ќе го наследи Кире Лазаров“ – истакна Вујовиќ.

Се вчитува...