Вујовиќ: Не размислувам со каков резултат ќе го победиме Пелистер, иако нашите навивачи сакаат тоа да биде со голема разлика

Вардар и Пелистер утре ќе играат натпревар од Суперкупот на Македонија. За двата тима ова ќе биде прв официјален натпревар во новата сезона. Тренерот на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ вели дека иако ја темпираат формата за дуелите во СЕХА со ППД Загреб, сепак сака победа во Суперкупот.

„Не очекува натпревар со Еурофарм Пелистер кој ќе ни биде главен конкурент за титулата и во Суперлигата. Без оглед што ние ја темпираме нашата форма за мечевите во СЕХА лигата против ППД Загреб, наша обврска е да одиграме добро и да го освоиме трофејот. Воопшто не размислувам со каков резултат ќе победиме иако нашите навивачи сакаат тоа да биде со поголема разлика, но ајде да видиме во каква форма сме. Нас се уште ни фали Гурбиндо кој сигурно ќе биде големо засилување. Сакам мојот камбек да почне со триумф, но не знам какви се правилата и дали и колку ќе има публика. Секогаш е емотивна мојата средба со „Комити“ и знам дека колку и да бидат сигурен сум дека ќе ме поздрават“, вели Вујовиќ. 

Натпреварот меѓу Вардар и Пелистер ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Се вчитува...