Веселин Вујовиќ е подготвен да му се врати на ракометот, и тоа на добро позната функција. Како што јавува „Балкан хендбол“, Вујовиќ повторно ќе седне на селекторското столче во репрезентацијата на Катар, година и пол откако ја напушти оваа функција по конфликтот со Валеро Ривера.
Шпанецот во меѓувреме доживеа неуспех со поразот од Бахреин на Купот на Азија, челниците на федерацијата видно незадоволни ја прекинаа соработката, а изборот за нов селектор паднал врз Вујовиќ, кој ја предводеше оваа репрезентација на последниот мундијал во Хрватска (каде претрпе пораз и од Македонија).
Според „Балкан Хендбол“, поранешниот тренер на Вардар веќе отпатувал за Доха, каде ќе го потпише договорот со Катарската Ракометна Федерација. Неофицијално, договорот ќе се однесува само за претстојниот мундијал во Германија што ќе се одржи во јануари 2027, со можност за дополнително продолжување на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

