Вујовиќ: Силна одбрана и лесни голови ни донесоа победа

mec baner

Со максимални три победи по првите три натпревари Словенија веќе обезбеди пласман во осминафиналето на СП. Селекторот Веселин Вујовиќ истакна дека е задоволен со трите победи и цдека Словенија ќе го задржи победничкиот ритам и во наредните натпревари.

Игравме цврсто во одбраната, постигнавме 3-4 лесни гола и тука, Македонија загуби контрола. На крај ние бевме подобар тим денеска. Задовоелн сум што имаме шест бода по три натпреаври. Им посакувам се најдобро на Македонија во наредните два меча“ – изјави Вујовиќ.

Словенија во следниот натпревар игра против Тунис, а исходот од овој меч може да ја скрои и судбината на Македонија за пласма во следната фаза.

„Ќе се обидеме да го добиеме Тунис утре. Нема да биде лесно. Тунис има добар тим и имам голем респект за нивната игра. Но, јас сакам да победувам до крајот на првенството“ – нагласи Веселин Вујовиќ.

Голманот Матевж Скок со 14 одбрани беше еден од клучните играчи во победата на Словенија. Словенечкиот голман им заблагодари на своите соиграчи за добрата игра во одбраната.

„Одигравме добра одбрана и тоа е причина за денешната победа. Македонија беше добра, но, ние бевме добро подготвени за нивната игра. Лазаров беше стандардно добар и денеска, постигна девет гола, но на крај ние бевме поуспешни. Благодарност до моите играчи кои одиграа добро во одбраната и јас имав лесна задача“ – рече Скок.

Се вчитува...