Вуков дебитираше со деветто место на Муџело во Порше Карера купот

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков Рико имаше солиден деби настап на првата трка од Порше Купот 2020 година, која се вози во Муџело, Италија, освојувајќи го деветтото место. Доминираа Италијанците кои ги запоседнаа сите три места на подиумот. Победата му припадна на Черкуи, втор беше Кварезмини, а на третата позиција се најде Фуманели.

Вуков оваа сезона доби шанса да вози за реномиран тим (ГДЛ Рејсинг) и да се натпреварува во многу посилна конкуренција. Утре тој ќе има нов настап во Италија, со втората сезонска трка на Муџело.

Се вчитува...