Вуков од пол-позицијата утре стартува на трката во Кичево

Нашиот македонски автомобилист сезонава, Ристо Вуков обезбеди прва стартна позиција и на втората трка во календарот за сезоната 2019 во Македонија. На патеката во Кичево, Вуков имаше најбрзи времиња во двете квалификациски сесии, со што на утрешната трка ќе стартува прв.

Во првото возење, Вуков имаше 1:16.767, што беше за речиси две секунди побрзо време од следниот натпреварувач зад него. Во второто возење, тој ја помина целта за 1:16.184, што беше за една секунда побрзо од најголемиот конкурент.

На првите две трки во Македонија и Србија, возени во Кичево и Нови Сад, двете победи му припаднаа на Ристо Вуков, кој што атакува на двете титули, пред предизвикот ТЦР, што очекува комплетно да го реализира и таму да се натпреварува следната цела сезона.

Се вчитува...