Вуков победник и на втората трка на кружни патеки од шампионатот на Македонија

Ристо Вуков победи и на втората трка актуелнава сезона, повторно на патеката Кичево, во шампионатот на Македонија. Вуков, на тој начин, запиша хет-трик во натпреварувањата сезона победувајќи претходно и на трката во Нови Сад.

„Целта за почетокот на сезоната е остварена, победивме на трите воведни трки. Очекувам висок пласман и во Бања Лука, со оглед на тоа што таа патека ми лежи, конфигурацијата е одлична за мене и за мојот стил на возење. Ништо не е завршено, сезоната ќе биде долга, овој убедлив старт мора да се задржи и да се продолжи со концентрацијата и со доброто возење. Конкуренцијата сега ќе биде уште пожестока, но треба само да го задржам своето ниво кон целта – а тоа се титулите“ – изјави Вуков, по победата во Кичево.

Вуков, во моментов е убедлив лидер во двете конкуренции. Следен предизвик за него ќе биде трката во Бања Лука, во рамките на српското првенство.

Се вчитува...