За Американците Јокиќ не е најдобар кошаркар во НБА

Според листата на најдобрите на познатата американска новинарска агенција „ЕСПН“ српскиот кошаркар Никола Јокиќ не е најдобриот кошаркар во НБА лигата. Центарот на Денвер е втор најдобар зад Гркот Јанис Адетокумпо.

На третото место е Џоел Ембид, додека четвртото место му припаѓа на Лука Дончиќ, а меѓу првите десетмина се уште: Стеф Кари, Џејсон Тејтум, Кевин Дурент, Шеи Гилџус-Александер, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

 

Листата на „ЕПСН“ доаѓа како големо изненадување со оглед на тоа што Јокиќ како МВП на финалната серија го предводеше Денвер до шампионскиот трофеј. Покрај тоа Србинот во текот на сезоната 2022/23 постави и бројни рекорди поврзани со неговите „трипл-дабл“ учиноци.

Се вчитува...