Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели, кој е познат по својот проблематичен карактер, си заминува од турска Адана, и ќе потпише за швајцарски Сион. „Лошото момче“ пред неколку дена влезе во караница со тренерот Винченцо Монтела, и тоа беше се чини капката која ја прелеа чашата за заминување на Италијанецот.
Негова следна дестинација ќе биде Швајцарија, и дресот на Сион. Балотели веќе неколку години е далеку од „елитен фудбал“ откако во минатото играше во големи екипи како Интер, Милан, Манчестер Сити, Ливерпул… Потоа играше во Ница, Олимпик Марсеј, па во Бреша, пред да замине во Турција.
Адана пред неколкудена го потпиша Артем Џјуба, рускиот „џин“, па после караницата со Монтела може да ги пакува куферите. Претходно Балотели имаше караница и со тогашниот тренер на Сити, Роберто Манчини, кој на крајот го повика на тренинг камп за Италија пред дуелот со Македонија, но не го вклучи за натпреварот со нашата репрезентација, со кој заврши сонот на Италија за пласман на Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА