За Чилиќ само еден сет, Доминик Тим во осминафиналето на УС Опен

Доминик Тим се пласираше во осминафиналето на УС Опен со победата над Марин Чилиќ во четири сета, со 6-2, 6-2, 3-6, 6-3.

Тим, се чини, лесно и убедливо стигна до победата и покрај тоа што хрватскиот тенисер успеа да го добие третиот сет.

 

Австриецот во осминафиналето ќе се соочи со талентираниот Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим.

На турнирот во женска конкуренција, Азаренка славеше против Свиатек од Полска во два сета, со 6-4,6-2, а пласман во осминафиналето обезбеди и 14.носителка, Медисон Кис која славеше против Французинката Корне.

Се вчитува...