За Дончиќ не постојат граници, неверојатниот Харден со 49 поени, Клиперси постигнаа 150 поени… (ВИДЕО)

Далас, предводен секако од Лука Дончиќ, стигна до седмата победа во 12-от натпревар сезонава во НБА лигата.

Во триумфот од 110-102 против Торонто, Дончиќ постигна 26 поени, со 15 скока и седум асистенции. Порзингис запиша 20 поени, дополнети и со 15 скока, додека кај Торонто се истакна Пауел со 26 поени.

ЛА Клиперс против Атланта постигнаа неверојтни 150 поени во триумфот од 150-101. Пол Џорџ по враќањето на паркетот доминир, па сега постигна 37 поени, додека 25 поени запиша Лу Вилијамс.

Портланд со 121-116 славеше во Сан Антонио. МекКалум постигна 32 поени, Лилард – 22 поени. Олдриџ на спротивната страна имаше 30 поени и 13 скока.

Хјустон во Минесота славеше со 125-105, а Џејмс Харден мечот го заврши со 49 поени. Во составот на домашните Таунс реализираше „дабл-дабл“ со 27 поени и 15 скока.

Милвоки славеше во Индијана со 102-83, додека Шарлот со 103-102 го победи Њујорк. Мајами со 109-94 беше подобар од Њу Орлеанс.

Се вчитува...