Португалската полиција во акција против препродавачи на билети, во оптек и лажни билети

Португалија и Македонија веќе утре ќе се сретнат на последниот финален бараж во битката за пласман на големиот Мундијал во Катар.

На утрешната средба во Порто, Португалија разбирливо ќе има и голема поддршка од домашните фанови. Стадионот „Драгао“ е веќе распродаден за само неколку часа по пуштањето на билетите во продажба, а тоа им оди во прилог на актерите на црниот пазар.

Според „Ројтерс“, цените на билети за бараж дуелот меѓу Португалија и Македонија достигнале и до 200 евра, сума која одреден број португалски фанови веројатно и ќе ја платат за да го следат во живо мечот.

Фудбалската репрезентација на Португалија воедно ги известила надлежните органи дека во продажба се појавиле и билети со места за седење кои не постојат на стадионот, па побара брза истрага и апелираа до навивачите да не наседнуваат на ваквите „супер“ понуди.

Цените за овој дуел чинеа од 10 до 15 евра, а 2.500 од нив се резервирани за македонските навивачи.

Се вчитува...