Партизан нема да смета на услугите на крилниот играч Марио Накиќ до крајот на сезоната. Тоа го потврди тренерот Жељко Обрадовиќ во разговор за српските медиуми.
Накиќ по успешните настапи за Игокеа доби повик во Партизан каде имаше одлично деби, но доживеа повреда поради која мораше да помине низ оперативен зафат.
„Марио Накиќ е опериран пред три дена, не е нешто комплицирано, но сигурно нема да игра до крајот на сезоната“, потврди Обрадовиќ кој откри детали и за повредата на Тајрик Џоунс.
„Тајрик има повреда на дланката, работиме на тоа да го рехабилитираме. Се надевам дека следната седмица ќе биде подобро, но неговото здравје е тоа што е најбитно“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА