За Ѓоковиќ важат некои други правила?! Пет невакцинирани тенисери со медицинска потврда ќе настапат на АО

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ вчера пристигна во Мелбурн за настап на првиот АТП турнир во сезоната, но и покрај тоа што доби медицинска дозвола за натпреварување на Австралија Опен како невакциниран, тамошните власти не дозолија Србинот слободно да влезе во островската држава.

Сега Ѓоковиќ се наоѓа во хотелот „Ројал Парк“, кој е далку од „ројален“, а се повеќе тенисери и новинари го поставуваат прашањето зошто за Србинот важат посебни правила и нему не му е дозволен влез во државата, наспроти пет останати тенисери со ист случај како него кои не се соочија со вакви проблеми.

„Каква забуна. Каква штета е ова за целиот тренис, за Новак Ѓоковиќ. Па постојат и други тенисери кои добија медицинска дозвола за настап, а за нив на никој не му е грижа, никој за нив не збори. Новак е во центарот на внимание и има право да бара правда. Доколку веќе му е одобрено да настапи на турнир треба да го пуштат да игра. Тоа не е негова одлука. Да му кажале дека не смее да игра, дека мора да прими вакцина тогаш одлуката за патување во Австралија ќе била негова“, вели шпанскиот стручњак Алекс Кореч.

Конечната одлука ќе биде позната во понеделник и истата ќе ја донесе Федералниот суд на Австралија. До тогаш Србинот ќе мора да чека во хотел полн со азиланти кои со години се заглавени во Мелбурн, а од Австралија се огласи и самиот Новак кој сподели кратка, но јасна порака.

Се вчитува...