За Кинезите „нема зима“: Градат спектакуларен фудбалски стадион вреден 1,5 милијарди евра (ВИДЕО)

Кинескиот фудбалски шампион Гвангжу Евергранде во 2022 година ќе добие нов стадион со капацитет за 100.000 посетители. Почна изградбата на еден од најголемите стадиони во светот, ќе чини околу 1,6 милијарди евра, а ќе има форма на лотосов цвет. Нормално ќе се вика „Цветен град“.

На објавените фотографии се гледа дека на внатрешниот дел од покривот ќе бидат прикажувани инсерти од натпреварот како и резултатот, додека позиционирањето на седиштата потсетува на новиот стадион на Тотенхем како и на „Емирати“ на Арсенал.

Ова ќе биде меѓу најголемите стадиони со специфична намена само за фудбал. „Камп Ноу“ на Барселона има капацитет од 99.000 седишта, но со актуелното реновирање ќе достигне бројка од 105.000 места.

 

 

 

Се вчитува...