„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Гризман е трет најдобар стрелец во историјата на Атлетико

Репрезентативецот на Франција и напаѓач на Атлетико, Антоан Гризман викендов со два гола донесе голема победа за Атлетико Мадрид на гостувањето кај Бетис.

Напаѓачот на мадриѓани со двата гола се искачи на вечната листа стрелци на клубот. Сега тој стои на третото место со 147 погодоци. Пред него се Луис Арагонес со 172 и Адриан Ескудеро со 169 гола.

Французинот првпат го облече дресот на Атлетико во 2014 година.

Се вчитува...