„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Јирген Клоп влезе во одбрано друштво

Ливерпул се пласираше во финалето во Лигата на шампионите, откако синоќа по пресврт славеше на гостувањето кај Вилјареал со 2-3.

Со оваа победа менаџерот на „црвените“ влезе во одбран друштво откако успеа да стигне до своето четврто финале во елитното натпреварување. Со оваа победа тој се израмни со легендарните, Марчело Липи, Сер Алекс Фергусон и Карло Анчелоти.

Едно е сигурно по вечерашното полуфинале меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, или Пеп Гвардиола ќе стане петтиот тренер на кој му успеало да стигне до четири финалиња во ЛШ или пак Карло Анчелоти ќе биде првиот тренер со пет финални натпревари.

 

Се вчитува...