„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Карим Бензема е предводникот на „старата школа“

Карим Бензема вчеравечер одигра блескав натпревар во кој со хет-трик за 17. минути го предводеше Реал Мадрид до целосен камбек против ПСЖ и заверка на местото во следната фаза од Лигата на Шампионите, уште еднаш докажувајќи дека за него годините се само број.

А, со тоа влезе и во историјата на најсилното фудбалско натпреварување како најстар играч со 34 години и 80 дена кој стигнал до вакво достигнување и сега ја предводи „старата школа“ пред Оливие Жиру (34 години и 63 дена), Клаудио Пизаро (34 години и 35 дена) и Кристијано Роналдо (34 години и 35 дена).

Се вчитува...