ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Лошо им се пишува на „светците“ во Минхен

Фудбалерите на Баерн Минхен со предност од еден гол ќе го пречекаат Пари Сен Жермен во реванш натпреварот од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите, откако синоќа во Париз славеа со минимални 0-1.

Стрелец на погодокот за Баварците беше Кингсли Коман. Интересно е тоа што досега Баерн Минхен во 12 наврати кога имал предност по првиот натпревар сите 12 пати се пласирал во следната фаза, што значи дека пред „светците“ е невозможна мисија во Минхен на 8. март.

 

 

Се вчитува...