„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – „Нероаѕурите“ се „кралеви на пресвртот“

Интер стигна до голема победа во битката со градскиот ривал Милан за титулата во Серија А, откако синоќа во премиерниот меч од 36. коло славеше по пресврт над Емполи со 4-2.

„Нероаѕурите“ брзо стигнаа до негатива од 0-2, па мораа до крајот со феноменална игра да стигнат до целосен пресврт и победа со која во моментов избија на првото место во Калчолигата.

Ова за избраниците на Симоне Инзаги е дури 22 освоен поен сезонава кога се наоѓале во негатива што е рекорд во топ 5 лигите во Европа.

 

 

Се вчитува...