„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Тухел е еден од најлошите тренери во историјата на Баерн Минхен

Фудбалерите на Баерн Минхен го завршија својот настап во Лигата на шампионите откако во четвртфиналниот двомеч беа елиминирани од англискиот шампион Манчестер сити. Иако со Нагелсман на клупата ништо не беше идеално за Баварците, сепак тие се уште беа во игра за три трофеи сезонава.

Промената на тренерот и преземањето на тимот од страна на Томас Тухел се покажа голема грешка. Тој доживеа елиминации во Лигата на шампиони и националниот куп на Германија, а ќе биде тешко да ја одбрани титулата и во домашниот шампионат.

Тухел во првите шест натпревари на кормилото на Баерн има само две победи што е најлош резултат на еден тренер од 1991 година.

 

Се вчитува...