„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Вилјареал влезе во одбрано друштво

Вилјареал се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако синоќа приреди сензација елиминирајќи го италијанскиот Јувентус. Шпанскиот тим славеше со 0-3 и со тоа обезбеди пласман меѓу осумте најдобри тимови на стариот континент.

Вилјареал стана само шестиот тим во елитното натпреварување кој успеал во нокаут фаза да триумфира на гостински терен кај Јувентус. Претходно тоа им успеа на Манчестер јунајтед (1999), Депортиво Лакоруња (2004), Баерн Минхен (2013), Реал Мадрид (2018) и Ајакс (2019) година.

 

 

Се вчитува...