Арсенал стигна до нов значен триумф во Премиерлигата совладувајќи го Њукасл Јунајтед во дербито на 6. коло и тоа по целосен пресврт реализиран во 96. минута од средбата.
Очекувано, до победоносен гол Арсенал стигна преку „најсилното оружје“ – корнерите. А, колку се доминантни кога станува збор за овој сегмент од играта доволно говори и фактот дека од сезоната 2023/24 на „топчиите“ им нема рамен.
Имено, голот на Габриел е 36-тиот од овие ситуации со што Арсенал има 15 повеќе (21 за Челси и Тотенхем) од било кој друг тим во елитното англиско фудбалско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

