За малку бронза: Шаќири до 5. место на ЕП во карате

На последниот ден од Европското првенство во Франкфурт, Германија нашиот натпреварувач Недим Шаќири имаше меч за бронзен медал со натпреварувачот од Грузија но не успеа да не израдува и да освои медал во клучниот меч за бронзата загуби со резултат 1:9 и со тоа се пласира на петтото место во категорија – 60 кг. машки сениори.

Кај женските најдобро пласирана е Ера Коџа на 7 место во категорија -68 кг .  женски сениорки.

А во екипниот дел женскиот тим во борба сениорки се пласирани на деветтото место на ова европско карате првенство.

 За жал машката екипа и покрај одличните двете победи и минималниот пораз во четврт финале од Црна Гора со 2:3 не доби шанса за борба во репасажот .

Се вчитува...