За МКФ мораториум на женската репрезентативна кошарка не е решение

Четвртини со едноцифрен број поени, вкупно постигнати поени за цел натпревар колку што се постигнувааат за еден сегмент, порази со број на поени колку што не можеме да постигнеме вкупно во два натпревара. Ова е сликата која низ последните квалификации ја остави македонската женска кошаркарска репрезентација.

Не секогаш бројките и статистика го одразуваат вистинското ниво на квалитет, но во овој случај, тоа е токму така.

Учеството во квалификации за Европското првенство се покажа како пресериозен залак за фазата во која се наоѓа во моментов македонската женска кошарка.

Повеќегодишен мораториум, рецепт кој го применуваат некои други федерации за женските сениорски репрезентации, нема да биде решението што ќе го искористи МКФ. Федерацијата секогаш го има адутот дека националниот тим не беше во полн состав. Колкава е разликата која би ја направило присуството на интернационалките и натурализираните кошаркари е следното прашање кое се наметнува. Ќе бевме пристојно конкурентни велат од федерацијата.

Не би го решавале проблемот со одлука женската репрезентација да биде исклучена од меѓународниот систем. Наша обврска е да озвоможиме услови идентични како за машкиот национален состав и да отвориме пат за следните генерации во кои има сериозен потенцијал и кошаркарки кои веќе од многу млади се надвор од Македонија. Мора да оставиме простор за нив. За новите генерации вистински да напредуваат треба и тренерскиот кадар да држи чекор со европското ниво. тука ние имаме голем проблем“ – вели генералната секретарка на МКФ, Моника Гавролвска задолжена за женската кошарка и особено одговорна со оглед на долгото репрезентативно искуство во дресот на Македонија.

Меѓу бројните фактори поради кои репрезентативната кошарка е на ова ниво секако се и квалитетот кој го нуди домашното првенство. Начинот на кој се работи  и тренира во клубовите, состојбата со тренерскиот кадар и вечно присутниот проблем со финансиите кој пак клубовите секогаш го истакнуваат како главен аргумент во сопствеа одбрана. Бројот на екипи во домашната прволигашка конкуренција е само залажување.

Се вчитува...