За Мурињо нема дилеми – Бејл е идеален за Јунајтед

Герет Бејл и оваа сезона има огромни проблеми со повредите, но Жозе Мурињо не се сомнева дека ќе успее да го извлече најдоброто од велшкиот ас и веќе им порачал на челниците на Манчестер јунајтед да почнат да подготвуваат понуда за поранешниот ас на Тотенхем. Мурињо и минатото лето се интересираше за овој фудбалер, но „кралевите“ тогаш решија да не го продавааат велшкиот репрезентативец.

Ситуацијата се промени по новата серија повреди на крилниот офанзивец, со што и тренерот Зидани претседателот Перез го загубија трпението, па веќе е извесно дека Бејл на крајот од сезонава ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

„Ѓаволите“ се убедени дека новите повреди ќе донесат и намалување на цената на 29-годишниот фудбалер, кој до лани беше проценуван на 90 милиони фунти, но сега би можел да биде достапен и за 60 милиони фунти. Мурињо секогаш само со пофални зборови говорел за Бејл и не ја криел желбата да го доведе овој играч на „Олд трафорд“, а во ситуација кога се водат преговори и за нов договор со „специјалниот“, јасно е дека ова ќе биде добар начин управата на клубот со исполнување на голема желба да го убеди стратегот и тој да потпише долгорочен договор со најтрофејниот англиски фудбалски колектив.

Се вчитува...