Со трансферот на Џејмс Трафорд во Манчестер Сити вреден 36 милиони евра, тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола ја проби границата од две милијарди евра потрошени на трансфери.
Пред ангажманот на Трафорд сумата која ја имаше издвоено шпанскиот тренер во текот на целата кариера започнувјќи од Барселона во 2008 година, преку Баерн Минхен pa се до Манчестер Сити до изнесуваше 1.99 милијарди евра.
Гвардиола е тренерот со најмногу потрошени пари во кариерата со над две милијарди евра, а по него следат: Диего Симеоне (1.31 милијарда евра), Масимилијано Алегри (1.2 милијарди евра), Томас Тухел (1.19 милијарди евра) и Антонио Конте (1.16 милијарди евра).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

