За Нојер Бундеслигата е здодевна: Во 27. минута излезе до средината на теренот

Фудбалерите на Баерн Минхен го продолжуваат патот кон нова титула во Бундеслигата. Го имаат најдобриот старт во германскиот шампионат. Во неделата го совладаа Бохум со убедливи 0-7, а дека Бундеслигата им е веќе здодевна, покажува фактот на Мануел Нојер кој што е познат по своите „испади“ и интервенции далеку од својот гол.

Искусниот германски голман уште во раната фаза од мечот, во 27. минута почна да ги покажува своите играчки квалитети. На фотографијата која кружи низ социјалните мрежи покажува дека Нојер е 40-50 метри од својот гол како лев бек. Во тие мигови неговиот тим имаше предност од 2-0.

Нојер во првиот меч оваа сезона имаше едно излегување, по кое погреши, и Баерн го прими засега единствениот гол во сезоната. Во првите три кола Баерн Минхен има девет бода и гол разлика 15:1.

Се вчитува...