За првпат во историјата – младите се меѓу елитата: Ѓорѓиоски им подели награди

Две македонски младински репрезентации, за првпат во историјата на нашиот фудбал, оваа година изборија учество во елитните квалификации за ЕП. Тоа значи дека го минаа првиот круг и дека сега се меѓу елитата. Ќе се борат за да играат и на Европско првенство, да бидат наследници на генерацијата на Барди, Николов, Велковски, Бабунски, која играше на ЕП во Полска за селекции до 21 година.

Селекциите до 19 години и до 17 години, предводени од селекторите Вујадин Станојковиќ и Горан Станиќ, остварија ваков успех во прелиминарните квалификации и ќе учествуваат во елитното квалификациско натпреварување. Претседателот Илчо Ѓорѓиоски им подели пригодни награди на младите фудбалери, посакувајќи им уште долги години да им носат радости на македонските фанови.

Се вчитува...