За разлика од сите други ѕвезди, Лука е секогаш тука за Словенија

Словенечките кошаркари ги започнаа главните подготовки за Светското првенство во 2023 година во Љубљана.

На вториот тренинг во „Стожице“ се појави првата ѕвезда на тимот, НБА асот Лука Дончиќ. Првите кадри од „Стожице“ укажуваат дека Дончиќ е во одлична форма и покрај незадоволството на неговите работодавачи во Далас Маверикс.

Европскиот првак од 2017 година ќе одигра три меча на стартот од подготвителниот период против Грција (2 и 4 август) и Хрватска (8 август).

Потоа Словенците заминуваат за Шпанија, каде ќе играат против домаќинот на 11 август, а ден подоцна и со селекцијата на САД. Словенија ќе има генерална проба пред СП на 19 август против домаќинот Јапонија.

Словенците ќе играат во Окинава во група со Зеленортските Острови, Грузија и Венецуела.

 

Се вчитува...