Сезоната од сништата на новалијата во Првата лига, избраниците на Боро Смилковски ја закитија и со триумф над нашиот најтрофеен клуб откако ТФТ славеше на гостувањето кај Работнички со 73-77 во 18. коло. Гостинскиот состав ја контролираше играта во речиси целиот натпревар, одолеа на налетот на домашниот состав на крајот на мечот и сосема заслужено стигна до 11 победа на домашната сцена. Избаниците на Мираковски на овој натпревар не ги служеше шутот за три поени (8/29), а пресудна беше подолгата клупа на „црно-белите“ која забележа 23, наспроти 18 поени на домаќинот.
Двата тима се мачеа да го најдат напаѓачкиот ритам на отварањето на средбата, а прв во тоа успеа гостинскиот состав кој благодарение на подобриот шут за три поени ја превзема иницијативата. Работнички се одржуваше во игра преку поените од втора шанса, па по 10. минути игра на семафорот стоеше предност од 16-19 за новлијата. „Црвено-белите“ и „црно-белите“ успеаја да најдат ритам во нападот до крајот на полувремето, до кое повторно гостинскиот тим ја диктираше играта. ТФТ успеа да го „надскока“ домаќинот па постојано ја одржуваше предноста во овој период од играта. Шутот од далечина не го служеше Работнички, па центарци беа приморени да се осврнат на играта во рекетот каде Бундовиќ и Николовски се погрижија предноста на ТФТ на полувремето да не биде двоцифрена (36-43).
ТФТ стигна до двоцифрена предност уште на самиот почеток на второто полувреме, но избраниците на Смилковски ја загубија течноста на нападот. Тоа го искористи Работнички кој постојано ја користеше предноста во висина со добра игра во противничкиот рекет, а штом „црвено-белите“ почнаа да погодуваат и од далечина, веднаш ја вратија неизвеноста (50-52). Тајм-аутот на Смилковски вроди плод, ТФТ заигра далеку поагресивно во одбраната, зоната го неутрализираше високите играчи во „црвено-бело“ па ја врати „комотната“ предност по 30. минути игра (57-63). Добрата одбрана на рекетот на гостите им донесе лесни поени од транзиција на спротивната страна, па преку шутот за три поени ТФТ брзо ја врати двоцифрената предност на почетокот на последните 10. минути (59-71). Работнички успеа да ги консолидира своите редови и да одигра агресивно во одбраната со што успеа да ја преполови предноста на гостинот, но и покрај тоа што во неколку наврати избраниците на Мираковски имаа можност да ја сведат негативата на само еден напад, „црвено-белите“ не беа успешни во своите обиди, а ТФТ рутински стигна до нова победа.
Кирил Николовски со 18 поени и 6 скока беше предводник на Работнички, додека со 15 поени и 6 скока додаде Филип Бундовиќ. Како двоцифрени со 14 поени, односно 10 поени и 8 скока натпреварот го завршија Мулалиќ и Младеновски. Со по 17 поени Амир Смит и Лахланд Андерсон беше првите имиња во ТФТ на кои Американецот додаде и 8 скока. Нив ги следеа Хортон и Харис со по 13 поени на кои бекот додаде и 7 асистенции и 5 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА