Шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста во Исталија. Ибрахимовиќ објави видео како со својот мотор оди на тренинг на Милан, но тоа не им се допадна на навивачите на „росонерите“.
Имено, познато е дека на фудбалерите им е забрането да возат мотор поради евентуални повреди, но очигледно тоа правило не важи и за 39-годишникот.
Многу во коментари му порачаа на Златан дека не треба толку да ризикува и дека не е без причина клаузулата во договорот на фудбалерите за забрана за возење мотори. Но, очигледно е дека веројатно такво нешто не постои и во договорот на Ибра.
Ridin’ to work pic.twitter.com/yFTvO9TbE3
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 30, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА