Забивањата на Клоф и Вркиќ во петте најатрактивни потези на колото во АБА (ВИДЕО)

МЗТ Скопје ја совлада Мега лекс со 75-74, а по натпреварот аплаузите од малкуте присутни во „Јане Сандански“ беа наменети за Шарлон Клоф. Холандскиот репрезентативец  беше втор поентер во тимот со 15 поени (два повеќе имаше Скот), но двете атрактивни забивања во првиот дел од натпреварот никого не оставија рамнодушен. Па така и двете акции (прво и трето место) на Клоф се најдоа во петте најатрактивни потези на 20. коло во регионалната АБА лига.

На четвртото место се најде и забивањето на Зоран Вркиќ од Карпош соколи на натпреварот против Олимпија Љубљана, кога „соколите“ ја запишаа првата победа на гостински терен.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/01a304ddeb18090a30bad88a3e106c86.mp4″] 

Се вчитува...