Строго забрането: Картони за „плукачите“ на фудбалските натпревари

Шефот на медицинскиот тим на ФИФА е против продолжување на фудбалските сезони во националните првенства. Mишел Доуг заговара фудбалските шампионати да бидат прекинати, а националните првенства да си почнат регуларно во август. Ова барање тој го поткрепува со тврдењето дека ако во следните недели низ Европа почне да се игра фудбал ќе биде предизвикан смртоносен втор бран на коронавирусот кој перидов го блокира светот, а и спортот.

Доуг повикува сите држави да се угледаат на Франција која донесе одлука за конечен прекин. Предводникот на медицинскиот тим на ФИФА исто така е и главен заговарач на идејата плукањето да им биде забрането на фудбалерите во текот на натпреварите кое ќе прoдолжи да се игра фудбал. Тој бара и играчите што ќе плукаат да добиваат жолти картони.

Во меѓувреме во повеќе држави се прават планови за продолжување на сезоните, а во тоа предничи Германија која најавува рестарт за 9.мај. Во Премиер-лигата продолжението се очекува во јуни во зависност од условите во државата, а во најнезавидна позиција се Италија и Шпанија, земјите најсилно погодени од коронавирусот. Сепак на фудбалерите од Серија А на почетокот од мај ќе им биде дозволено да се вратат на тренинзи, прво индивидуални, а потоа и колективни од 18. мај.

Се вчитува...