Црвена Звезда претрпе неочекуван пораз од Задар кој славеше во главниот град на Србија со 79-85 на отварањето на АБА лигата.
Хрватскиот тим стекна предност уште на стартот на средбата добивајќи ја првата четвртина со 21-27 и ја задржа предноста до самиот крај на средбата.
Овој пораз може и да му пресуди на грчкиот стратег Јанис Сферопулос на клупата на Црвена Звезда. Во српските медиуми веќе се споменува и неговата замена во името на Саша Обрадовиќ кој по речиси пет години би можел да се врати во тимот каде воедно и ја започна играчката кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

