Заедно по нови трофеи: Горецка потпиша со Баерн Минхен до 2026 година

Баерн Минхен продолжува со потписите со клучните фудбалери, откако по Џошуа Кимих сега на долгорочна верност се обврза и Леон Горецка. Германскиот репрезентативец имаше договор до крајот на сезонава, Манчестер Јунајтед покажа сериозен интерес да го доведе во своите редови, но Горецка покажа лојалност кон Баерн прифаќајќи ја понудата за нов договор, со важност до 2026 година.

Леон Горецка е член на Баерн од 2018 година кога пристина од редовите на Шалке. Во изминатиот период тој освои три титули во Бундес-лигата, два трофеи во Купот на Германија и по еден во Лигата на Шампионите, Супер-купот на УЕФА и клупскиот мундијал.

„За Баерн како клуб клучен фактор за успех е да се задржат најдобрите фудбалери на што подол период. За освојување на трофеи неопходни се мотивирани фудбалери, а на Леон Горецка никогаш не му недостига мотивација. Тој секогаш сака да напредува, а новиот договор јасно покажува дека Леон верува во ово проект, дека со Баерн ќе продолжи да биде максимално успешен како и досега“, изјави првиот човек на Баерн Минхен, легендарниот голман Оливер Кан.

Се вчитува...